Wednesday, December 26, 2012

Користење на сертифициран семеснки материјал во производство на житни култури




Под поимот сертифицирано семе кај житните растенија се подразбира:
 „сортно“ семе (зрно) кое со пропратни документи (Сертификат) е означено како семе од одделна категорија.
Семе кое се произведува под стручна контрола со примена на висока сортна технологија, односно примена на низа мерки во текот на производст
Произведеното семе од една сорта, мора да ги исполнува стандардните квалитети за сертифицирано семе според:
-          Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија,
-          Правилникот за трговија со семенски материјал од житни растенија и
-          Правилникот за квалитетот на семенскиот материјал.
КАТЕГОРИИ НА СЕРТИФИЦИРАНО СЕМЕ
Според
-          Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Сл. весник на Р. Македонија бр. 39/2006) и
-          Правилникот за трговија со семенски материјал од житни растенија (Сл. весник на Р. Македонија бр. 8/2007) семето на пченицата е категоризирано во 4 категории: 
o   предосновно,
o   основно,
o   сертифицирано семе од прва генерација и
o   сертифицирано семе од втора генерација. 

Според Законот за семенски и саден материјал за земјоделски  растенија  и  Правилникот  за  трговија  со семенски материјал од житни растенија, семето со кое се тргува се означува со официјална етикета

Категорија на семе                                                      Боја на официјалната етикета

Предосновно семе                                                        Бела  боја со љиљакова дијагонална линија
Основно семе                                                                  бела боја
Сертифицирано семе И генерација                          сина боја
Сертифицирано семе ИИ генерација                       црвена боја
Семенска мешавина                                                      зелена боја

Семенска мешавина претставува мешавина на семиња од различни сорти и видови житни растенија. На етикетата за семенска мешавина се означени составот на видовите, односно сортите во проценти.
УСЛОВИ ЗА КВАЛИТЕТ НА СЕМЕТО

Кај пченица:

Кат.    Најг. Содрж. на влага %     Сортна чистота најм. %     Вкупна ртливост %    Аналитичка чистота %
О                           14                                            99,9                                       85                                        99
С1                         14                                            99,7                                       85                                        98
С2                          14                                           99,0                                       85                                        98
Кај јачмен:

Кат.    Најг. Содрж. на влага %     Сортна чистота најм. %     Вкупна ртливост %    Аналитичка чистота %
О                           14                                            99,9                                       85                                        99
С1                         14                                            99,7                                       85                                        98
С2                          14                                           99,0                                       85                                        98


ГУБЕЊЕ НА РОДНОСТА НА СЕМЕТО
При репродуцирањето на семето во практиката во подолг период (2-3 години) семето ја губи (му се
Од економски аспект, да се сее меркантилно семе е нерентабилно и економски неисплатливо. Причините за изродување на семето можат да бидат различни и тоа:
-        биолошко мешање од страно оплодување меѓу сортите и
-        механичко мешање поради недоволното чистење на комбајните при жетва на различни сорти и видови.
Изроденото семе има помала енергија на ‘ртење, тоа е поситно и со помала маса на 1000 зрна. При сеидба на изродено семе, од него поникнуват помал % на зрна и се добива помал склоп на растенијата на м2. Од изроденото семе се формират растенијата со помала родност, со поситно зрно и со намалена ‘ртливост.
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Во Програмата за финансиска поддршка во земјоделст
·         Услови за користење:
-          минимум 0,3 ха за секоја засеана култура одделно
-          прифатлива количина на семе:
Вид                                        Сеидбена норма                            Просечно

Пченица                              250-300                                                270
Јачмен                                 160-200                                               180
Тритикале                          240-300                                                250
‘Рж                                        180-250                                               200
Овес                                     120-160                                               140
Ориз                                     170-220                                                200
Пченка                                 20-40                                                     30
Сирак                                   10-30                                                     20

Потребни документи:
Покрај документите наво подмерката 1.1 дополнително се доставува:
  1. Фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда, испратница, фактура платена во готово) или
  2. Фактура со испратница за набавен семенски материјал и доказ за извршена исплата по фактура (банков извод од редовна исплата, компензација со банков извод од поми

Во случај  кога семенскиот материјал е од сопствено производство, се доставува:
  1. Потврда за конечно сертифицирано семе и
  2. Испратница во која задолжително ќе биде внесена количината на семенски материјал изразена во кг.



Monday, December 10, 2012

СОВЕТИ ЗА ЃУБРЕЊЕ

Ѓубрење Согласно генералните препораки за одржување на почвената плодност според принципите на органското земјоделско производство, пред да се пристапи кон ѓубрење, задолжително да се изврши педолошка анализа за присуство на макро и микро елементи. Анализата на почвата мора да се врши на секои 5 години на следниве параметри: • механички состав; • органска материја; • рН; • електроспроводливост; • микро и макро елементи; • натриум. Понатамошната шема за ѓубрење да се изврши во соработка со стручни лица преку примена на органски ѓубрива, придржувајќи се на одредбите од Прилогот 1 од Правилникот за органско растително производство. Употребата на ѓубривата треба да биде во координација со сертификациското тело, откако претходно биле применети другите мерки за подобрување плодноста на почвата (плодоред, зелено ѓубрење, компостирање...). Арското ѓубре, осоката и урината од домашните животни (од говеда, компост од растителни отпадоци, заедно со природните органско биолошки додатоци и ѓубрива) ја сочинуваат основата на ѓубрењето во органското производство. Генерални насоки за употреба на ѓубривата: • Употребата на органските ѓубрива (посебно некомпостираните), треба да се изведе со нивно внесување во почвата (заорување, да не се остават расфрлани по површината) за да се избегне загубата на азотот. Подобро е вршење плитко заорување, за да не се оштетат корењата од растенијата, како и да се намали опасноста од појава на ерозија. Ѓубривата би требало да се внесат во почвата најмалку 3-4 месеци пред бербата; • Растворливите форми на органски ѓубрива (рибна емулзија, пепел од морски алги, пепел од морски треви, деривати од соја) се погодни за примена преку системи “капка по капка”, при што овозможуваат брзо надополнување на потребните материи; • Најголемиот број програми и шеми за ѓубрење се фокусираат на надополнувањето на азотот како главен елемент, со оглед на тоа што тој количински е најпотребен на растенијата. Вообичаените калкулации за определување на потребните количини азот кои треба да се додадат обично се однесуваат на вештачките ѓубрива. Органските системи дејстуваат на друг начин. Генерално, органските ѓубрива поспоро го ослободуваат азотот и се потпираат врз биолошката активност на микрофлората во почвата, која го разложува во форма соодветна за растенијата; • Кога се прават калкулациите за количините азот кои ќе бидат внесени, задолжително да се земат предвид количините кои во почвата ќе бидат внесени од меѓуредните култури (легуминози или мулч). На пр., ако во меѓуредот има посеано детелина (правилно прихранета и инокулирана), истата може да изврши фиксирање на 50-100 кg/ha годишно; • Да се води сметка за анализа на ѓубривото кое ќе биде внесено. Ако определените количини ѓубре се однесуваат само на количините од азот, може да предизвикаат проблеми при употреба на т.н. неизбалансирани ѓубрива (честата употреба на живинско ѓубре, кое е богато и со фосфор, може да предизвика проблеми со загадување на околината, како и недостаток на цинк во почвата). Овие проблеми се избегнуваат преку вршење редовни анализи и приспособување на количините врз база на резултатите од анализите. Јаболката, како и останатите овошни видови најмногу содржат вода и шеќери и одземаат многу помалку хранливи материи, споредено со другите култури. Оттука, пред подигање на насадот, најголемиот дел од потребите на овошките можат да бидат задоволени преку воведување соодветни меѓуредови посеви и органски мулч, како и со додавање вар и камено брашно. Ориентациони вредности за задоволување на потребите на растенијата 1: I. Ѓубрење на млад насад: a. Максимални дози: 40 kg/ha во I и 60 kg/ha во II година. II. Ѓубрење на насад во род: a. Азот: 1. Годишните дози не смеат да надминат 140 kg/ha 2. Количествата над 60 kg/ha, се додаваат во повеќе наврати b. Фосфор и калиум. Не смеат да се пречекорат следниве количини: 1. Почви со ниска содржина: 250 kg/ha P2O5 и 300 kg/ha К2О 2. Почви со нормална содржина: 50 kg/ha P2O5 и 150 kg/ha К2О 3. Почви со висока содржина: 30 kg/ha P2O5 и 75 kg/ha К2О. Вкупно внесените количини на ѓубре на имотот не смеат да содржат повеќе од 170 kg N годишно/ha.

Sunday, December 9, 2012

Овоштарството во Македонија

Аронија

Aronija - Аронија и расад на аронии во Македонија Припаднос, сорти, подлоги на аронија Опис на некои сорти на аронија Ботаничка припадност и морфолошки карактеристики на аронија Аронијата е дрвенесто растение кое припаѓа во редот Rosales, фамилија Rosacea, подфамилија - Maloidea или јаболчесто овошје, род Aronia во кој се систематизирани два вида и тоа Aronia arbutifolia (L.) Pers, црвена аронија и Aronia melanocarpa (Michx.), црна аронија. Постои и еден природен хибрид помеѓу двата вида и тоа Aronia h prunifolia односно пурпурна аронија. Од сите овие видови за практиката најголемо значење имаат сортите кои водат потекло од црната аронија (Aronia melanocarpa Michx.). Аронијата е повеќе годишна овошна култура која потекнува од Источна Азија (Монголија). Природно најмногу е распространета во земјите од бившиот Советски сојуз, а поголеми површини од производни насади од оваа култура се застапени во Русија, Украина, Скандинавските земји, Полска, Романија, Унгарија, Бугарија, Канада и др. Како најмногу распространета во бившиот Советски сојуз, а особено во Сибирскиот регион во последните 30 години од минатиот век, во овој регион аронијата се одгледува на преку 5000 ха. На нешто помали површини се одгледува и во некои Источно Европски и Северно Европски земји. Во Република Македонија производен насад од аронија на површина од 0,4 ха, за првпат е посаден во околината на Пехчево, есента 1990 година, со саден материјал набавен од Бугарија. Насадот е посаден на растојание од 2.7 х 2.5 метри или по 1500 џбунчиња по еден хекрат. Според градбата на надземниот дел аронијата спаѓа во џбунести растенија. Џбунот се состои од голем број слабо развиени изданоци (повеќе од 80) со различна старост, кои секоја година излегуваат од коренот и кореновиот врат. Изданоците имаат црвенкасто - кафеава кора со впечатливи ленти цели. Леторастите се тенки, со жолта кафеава боја. Во зависност од бујноста на сортата димензиите на круната од џбунчето достигаат од 2.5 до 3 метри во висина и од 2 до 2.5 метри во ширина. Листовите се прилично кожести, поединечни, со должина на лиската до 6 цм и ширина од 3 до 4 цм. По форма се елиптични, со фини или мали запци. Лиската има сјајно темно зелена горна површина, со светло зелена долна страна и доста наметлива боја во текот на вегетацијата, а како наесен вегетацијата одминува добиваат атрактивна портокалова, винеста до пурпурно луминисцентна црвена боја. Цветовите се со бела боја и големина до 1.5 цм, соберени во соцветие во вид на китка со голем број на цветови (повеќе од 20). Тие се хермафродитни, содржат и машки и женски полови органи. Попрашувањето се врши главно преку инсекти. Плодовите во текот на вегетацијата се зелени, а со созревањето добиваат винесто црвена боја за да при полна зрелост постанат потполно црни. Тие имаат округла форма во вид на бобица, групирани се во соплодија со по 10 до 20 плода. Во зависност од сортата и технологијата на одгледување плодовите постигаат големина од 6 до 10 мм. Според начинот на формирање на плодовите аронијата спаѓа во групата на јаболчесто овошје а според изгледот и цврстината може да се групираат во јагодесто или ситно овожје. Со својот изглед во текот на вегетацијата и наесен пред опаѓањето на листовите џбунчето е доста атрактивно и може да послужи како декоративно растение за разубавување на просторот. Кореновиот систем е јако разгранет и компактен во површинскиот слој, а во подлабоките почвени слоеви коренчињата се слабо разгранети. Корените во хоризонтален правец се распространуваат од 3 до 4 м, а во длабочина достигаат од 60 до 100 цм. Еколошки услови за одгледување на аронијата Аронијата е култура која што не е могу пробирлива на климатските и почвените услови. Таа е адаптибилна и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури и пониски од -30 до -35°C, а кореновиот систем може да настрада на температура од -11 до -12°C. Во наши услови ретко кога се случуваат вакви температурни екцесии па поради тоа од овој аспект гледано оваа култура е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата. За оптимален развој на џбунчињата во текот на вегетацијата потребно е температурна сума над 10°C и од 120 до 150 дена период без појава на мразеви. За успешно одгледување на оваа култура и постигање на оптимални и квалитетни приноси количество на врнежи во текот на топлиот период од годината (во наши услови јуни-септември) треба да изнесува над 200 до 300 мм, во спротивно потребно е да се обезбедат услови за наводнување. Во однос на почвата не е голем пробирач, успева на песокливи но и на глинести почви. Не се погодни забарени почви и мочуришта. Подпочвени води треба да не бидат поплитки од 1.5 до 2 м.

Thursday, November 1, 2012

КОНТАКТ-РАСАДНИК Д.ЛИСИЧЕ    lidija_sk@yahoo.com

УКИМ ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА, СКОПЈЕ

  

ОД 01 НОЕМВРИ  РАСАДНИК-ОПИТНО ПОЛЕ,Д.ЛИСИЧЕ ПОЧНУВА СО ПРОДАЖБА НА ОВОШНИ САДНИЦИ, СЕРТИФИЦИРАНИ                                                                             СИТЕ САДНИЦИ СЕ ОД СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО (НА ДИВА ПОДЛОГА),СО СОПСТВЕНИ МАТИЧНИ СТЕБЛА, ПОДЛОГИ.                                                                           ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА САДЕН МАТЕРИЈАЛ РАБОТИ ТИМ ОД ИСКУСНИ ДИПЛОМИРАНИ АГРОНОМИ ,ПОД НАДЗОР НА ПРОФЕСОРИТЕ ОД ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ ХРАНА-СКОПЈЕ 

цреша

сортаподлогазреењеслика
Burlatдива цреша, Magrivaкрај на мај
Stelaдива цреша, Magrivaсредина на јули
Samberstдива цреша, Magrivaсредина на јули




Vanдива цреша, Magrivaсредина на јули



ОРЕВ

СОРТАПОДЛОГАЗРЕЕЊЕСЛИКАA
КАЛЕМЕН
СЕПТЕМВРИ
БУГ.ШЕЈНОВО Junglas ReglaСЕПТЕМВРИ



ДОМАШЕНJunglas ReglaСЕПТЕМВРИ



ВИШНА

сортаподлогазреењеслика
МАРЕЛАДИВА ЦРЕШАсредина јуни
ОБЛАЧИНСКАСОПСТВЕНАПОЧЕТОК НА ЈУНИ



дуња

сортаподлогазреењеслика
Leskovačkaдуња M-Aоктомври
Vranjskaдуња M-Aоктомври



јаболко

сортаподлогазреењеслика
AjdaredM-9, MM-106   почеток на
октомври
Zlatni delišesM-9, MM-106средина на
септември
RajdersM-9, M-26средина на
септември
Crveni delišesMM-106средина на
септември
MucuM-9, M-26крај на
октомври
Red čifMM-106средина на
октомври
GalaM-9, M-26крај на јули



Greni smitM-9, M-26средина на
октомври
JonagoldM-26средина на
септември



Jonagored Novajo




Круша

сортаподлогазреењеслика
Junska lepoticaдуња MAсредина на
јули
Santa marijaдива круша, Dunja MAкрај на
октомври
Viljamovaдива крушакрај на
август
Abate fetelдива крушакрај на
септември
Kaluđerkaдива круша, Dunja MAпочеток на октомври

      АРОНИА

Арон
ијата доаѓа од источниот брег на Северна Америка. Нејзиниот дом е во Канада и САД. Чини дека како семејство dzikorosnaca оригиналното име на "chokeberri" или Бери курва. За оваа причина, таму е популарна и природен хендикеп dzikorosnacim грмушки. Тоа се случува на почвите на ниско, влажни и кисела. Под природни услови, веднаш се јаде од животни и птици. Вид на чудни растенија од нивната животна средина е во можност да изберете само оние супстанции кои се потребни за нејзиниот развој, додека странските соединенија и лоша за луѓето. Имаше, исто така, ја апсорбира индустриското загадување или сообраќај. Едноставно е чудно.

Арон (според многу извори) се донесе на нашиот регион во светот, за прв пат во Русија. Поради овие адаптивни способности во тешки услови почна да произведува илјадници хектари, особено во области со суровата клима. На крајот на многу години chokeberri емигрирале во голем број земји, вклучувајќи Латвија, Литванија, Белорусија, Словачка, Чешка, Германија и Бугарија.

Само во седумдесеттите chokeberri се појави во Полска. Во нашата земја, ги виде своите подеми и падови. Во доцните 80-те преку апсурдот (смешно, апсурдно) изјавите на двајца вработени шума Институт за истражување, како резултат на што, парадоксално, chokeberri е призната како резултат на канцерогена.

За среќа, тоа беше направен по детална анализа на составот на овошје, со посебен акцент на анализа на загадувачи врз човековото здравје.
Анализата покажа висока хранлива вредност на овошје во нив и без супстанции штетни за здравјето на луѓето, дури и оние плодови кои растат во екстремни услови на патиштата.
Резултатите добиени во Полска дефинитивно потврди лаборатории на Европската унија.

Уште еден тежок удар за развој на реорганизација на фабриката аронија една од главните приматели, chokeberri фабрика во Полска. Ранливост во надолниот пазар, ситуацијата предизвикана од појавата на нови погони за преработка во досега.

Како резултат на двете од овие катастрофални настани, многу одгледувачи polikvidovało chokeberri и растат по неколку години процесот беше запрен, а интересот почна повторно да расте chokeberri.


       


Saturday, September 15, 2012



03
РАСАДНИК-Д.ЛИСИЧЕ
ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА
ОПИТНО ПОЛЕ
РАСАДНИЧКО ПРОИЗВОДСТВО-ПРОДАЖБА НА ОВОШНИ САДНИЦИ
СЛИВА 

Sadnice voca sljiva cacanska rodnaОпис:Чачанска родна е понова сорта,самооплодна. Раѓа редовно и во големи количини Плодот е крупен,долгнавест со ароматичен мирис и со добар квалитет Бојата на месото на сливата е жолтеникаво,цврсто,сочно и многу благо. Оваа сорта е одлична за сушење
време на зреење : крај на VIII
Подлога-Џанка
  Чачанска родна

Sadnice voca sljiva cacanska ranaOpis: Чачанска рана е понова сорта на слива.Плодот е крупен,јајцевидна форма со  љубичаста боја. Месота е со жолта боја,слаткокиселест вкус и има крупна коска Раѓа релативно рано . Добри опрашувачи се Чачанска лепотица и Стенлеј .
време на зреење : втората половина на  VII месец
Подлога-Џанка
 Чачанска рана

Sadnice voca sljiva cacanska lepoticaОпис:  Чачанска лепотице е домашна сорта,самооплодна .Плодот е доста крупен, округла форма,темноплава боја. Месото на плодот е цврст,сочен и убав вкус . Редовно раѓа и дава многу род, Првиот род го дава во втората или третата година после садењето
време на зреење : почеток на VIII месец
Подлога-Џанка
 Чачанска лепотица

sljiva cacanska najboljaОпис: Чачанска најдобра е домашна сорта ,има добар род . Плодот е средно крупен до крупен, оккругла форма. Месото на плодот има жолта боја и слаткокиселест вкус,  Добри опрашувачи се Чачанска лепотицаи Чачанска родна.
време на зреење: половината на VIII месец
Подлога-Џанка
 Чачанска најдобра

Sadnice voca sljiva stenlejОпис: Садниците водат потекло од САД.  Делимично самооплодна до самоплодна.Плодот е крупен, елипсовиден облик темноплава боја. Дава крелативно крупни плодови и рано раѓа. Коската е крупна и лесно се одвојува од плодот.
време на зреење: крај на VIII месец
Подлога-Џанка
 Стенлеј

Садници -Лешник

Sadnice voca lesnik tonda djentileОпис: Садниците на лешник Tonda Đentile се стара Италијанска сорта. ,има средно буен раст.Плодот е средно крупен,округол, со добар род и многу лесно се лупи .
Време на зреење:половината на VIII месец
Подлога:  леска
 Tonda Đentile

Sadnice voca lesnik istarski dugiОпис   Оваа сорта   Istarski Dugi е стара сорта. ,има средно рана вегетација,стеблото е со со средна бујност до бујност со свиткани гранки . Плодод е крупен и долгнавест,тешко се лупи ,раѓа во големи количини.
Време на зреење:половината на VIII месец
Подлога:  леска
  Istarski 

Sadnice voca lesnik rimskiOpis:Оваа сорта е стара Италијанска сорта со средно касна вегетација и средно бујен раст Плодот е сродно крупен,округол и со доста добар род.
Време на зреење:половината на VIII месец
Подлога:  леска
 Rimski

Sadnice voca lesnik ludolfOpis:Има бујно стебло,цвета средно рано а зрее прилично касно .Плодот е округол и крупен-стомачен облик
Раѓа редовно и обилно, оваа сорта е одлична за домачна потрошувачка-за малопродаја
Време на зреење:половината на VIII месец
Подлога:  леска  

 LUDOLF
Get a better hosting deal with a hostgator coupon or play poker on party poker