Под поимот сертифицирано семе кај житните растенија се подразбира:
„сортно“ семе (зрно) кое со пропратни документи (Сертификат) е означено како семе од одделна категорија.
Семе кое се произведува под стручна контрола со примена на висока сортна технологија, односно примена на низа мерки во текот на производст
Произведеното семе од една сорта, мора да ги исполнува стандардните квалитети за сертифицирано семе според:
- Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија,
- Правилникот за трговија со семенски материјал од житни растенија и
- Правилникот за квалитетот на семенскиот материјал.
КАТЕГОРИИ НА СЕРТИФИЦИРАНО СЕМЕ
Според
- Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Сл. весник на Р. Македонија бр. 39/2006) и
- Правилникот за трговија со семенски материјал од житни растенија (Сл. весник на Р. Македонија бр. 8/2007) семето на пченицата е категоризирано во 4 категории:
o предосновно,
o основно,
o сертифицирано семе од прва генерација и
o сертифицирано семе од втора генерација.
Според Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и Правилникот за трговија со семенски материјал од житни растенија, семето со кое се тргува се означува со официјална етикета.
Категорија на семе Боја на официјалната етикета
Предосновно семе Бела боја со љиљакова дијагонална линија
Основно семе бела боја
Сертифицирано семе И генерација сина боја
Сертифицирано семе ИИ генерација црвена боја
Семенска мешавина зелена боја
Семенска мешавина претставува мешавина на семиња од различни сорти и видови житни растенија. На етикетата за семенска мешавина се означени составот на видовите, односно сортите во проценти.
УСЛОВИ ЗА КВАЛИТЕТ НА СЕМЕТО
Кај пченица:
Кат. Најг. Содрж. на влага % Сортна чистота најм. % Вкупна ‘ртливост % Аналитичка чистота %
О 14 99,9 85 99
С1 14 99,7 85 98
С2 14 99,0 85 98
Кај јачмен:
Кат. Најг. Содрж. на влага % Сортна чистота најм. % Вкупна ‘ртливост % Аналитичка чистота %
О 14 99,9 85 99
С1 14 99,7 85 98
С2 14 99,0 85 98
ГУБЕЊЕ НА РОДНОСТА НА СЕМЕТО
При репродуцирањето на семето во практиката во подолг период (2-3 години) семето ја губи (му се
Од економски аспект, да се сее меркантилно семе е нерентабилно и економски неисплатливо. Причините за изродување на семето можат да бидат различни и тоа:
- биолошко мешање од страно оплодување меѓу сортите и
- механичко мешање поради недоволното чистење на комбајните при жетва на различни сорти и видови.
Изроденото семе има помала енергија на ‘ртење, тоа е поситно и со помала маса на 1000 зрна. При сеидба на изродено семе, од него поникнуват помал % на зрна и се добива помал склоп на растенијата на м2. Од изроденото семе се формират растенијата со помала родност, со поситно зрно и со намалена ‘ртливост.
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Во Програмата за финансиска поддршка во земјоделст
· Услови за користење:
- минимум 0,3 ха за секоја засеана култура одделно
- прифатлива количина на семе:
Вид Сеидбена норма Просечно
Пченица 250-300 270
Јачмен 160-200 180
Тритикале 240-300 250
‘Рж 180-250 200
Овес 120-160 140
Ориз 170-220 200
Пченка 20-40 30
Сирак 10-30 20
Потребни документи:
Покрај документите наво подмерката 1.1 дополнително се доставува:
- Фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда, испратница, фактура платена во готово) или
- Фактура со испратница за набавен семенски материјал и доказ за извршена исплата по фактура (банков извод од редовна исплата, компензација со банков извод од поми
Во случај кога семенскиот материјал е од сопствено производство, се доставува:
- Потврда за конечно сертифицирано семе и
- Испратница во која задолжително ќе биде внесена количината на семенски материјал изразена во кг.