Sunday, December 14, 2014

ИСПОРАКА

Расадникот ОПИТНО ПОЛЕ Д. Лисиче, испорачува овошни садници, подлоги ги врши переку Карго било каде во Македонија, со сета потребна документација

  • сертификат за квалитет
  • декларација за потекло
  • фискална сметка
  • фактура за плаќање

Thursday, December 4, 2014

Двородна сорта на малина - ПОЛКА

POLKA-Малина

polka




Есенски тип на малина, плодови дава после први августa. До првите мразови во ноември,род дава уште од првата година.
Кај овој тип на малина како к  растат едногодишните изданоци растат заедно со двогодишните ,што значи даваат род двапати како на едногодишните изданоци така и на двогодишните. 
Значи дава род во две сезони- Доколку се работи со добра агротехника и се имаат сите услови ,доволно вода,доволно храна минерални и арско ѓубре и мрежа за заштита(засенчување) се очекува до 20 тона на хектар.

GOJI Berry, Crna Ribizla, Brusnica



Оваа година расадникот ОПИТНО ПОЛЕ -Земјоделски факултет располага со домашно производство на Gjodji berry-кои наредната година ке бидат во род,исто така и Брусницата
Во нашиот расадник имаме и Црна рибизла 
Соте садници се од наши матични стебла,домашен репроматеријал и сите се под контрола на професорите од факултетот за Земјоделски науки и храна, Скопје, МК

Goji berry






40 dena


Kako ovošna vrsta, e grmuška koja raste od 2-3 metra vo visina i 2 metra vo prečnik. Cveta od šestot do osmiot mesec, a plodovite sukcesivno sozrevaat od devetiot do edinaestiot mesec vo godiniata vo zavisnost od prvite mrazevi i niski temperaturi. Plodovite na Goji se crveni bobinki, dolžina 1-2 cm, koje se jadat vo sirova sostojba ili osušeni. Bobinkite po vkus podsekjaat na grozje, a od bobinkite isto taka se pravat: sokovi i sirupi, čajevi, likeri, dodatoci kako vo vino, jogurti, razni recepti so hrana, piletina ili dodatci za salati. Dnevnata kolicina za vnes po osoba e od 10-30 grama osušen (suv) plod.
Se sadi vo bavči, ogradi, plantaži i ne bara (gotovo) nikakva nega na prskanje ili zaštita. Do kolku se odgleduva vo plantaži na podračja so semiaridna ili aridna klima, ili na peskovita zemla, a da bi se obezbedil korektan prinos, potrebno e navodnuvanje i folija na zemjišteto koja štiti od korov i isparuvanje na vodata (vlaga) od zemjišteto. Vo bavči, ogradi, plantaži se sadi na razmer 3 x 3 metri ili 1100 sadnici /ha.



BRUSNICA



Еколошки услови за брусница

    Брусницата е многу издржливо растение и може да опстане на многу ниска температура. Но доколку ниските температури се јават во време на цветање или плодоносење приносот се намалува до 50%. Доколку температурата падне испод -2°C, зрелите плодови мораат да се покриваат, а зелените издржуваат до -3°C. Во текот на зимата ако нема снег растенијата можат да настрадаат на температура испод -17°C. Брусницата бара висока почвена влага. Годишна количина на врнежи од околу 800 мм, е минимален услов за раст на растенијата. Ако нема доволно врнежи особено во текот на летните месеци потребно е обезбедување на вода за наводнување. Иако бара доволно влага брусницата нетрпи ни премногу влажни почви бидејќи во такви случаи кореновиот систем страда од почвени заболувања. За поуспешен развој на растенијата насадот од брусница мора да биде добро осветлен.
     Брусниците преферираат лесни и ајрирани почви, како што се песокливи и добро дренирани иловачи. Во Соединетите Американски Држави насади од брусници се одгледуваат на издигнати леи за да истекува вишокот вода и намали ризикот од гниење. За потешки почви треба да се внесува поголема количина органска материја како што е тресет, компост, за да се поправи дренажа на почвата. Брусниците најдобро успеваат на почва со 2 до 6% органска материја и со pH од 4.3 до 5.5. Ако реакцијата е висока потребно е да се додава материјали кои ја зголемуваат киселоста на почвата особено сулфур. Брусниците се многу осетливи на соли во почвата особено на хлор и натриум. Висока содржина на калциум има токсично дејство на растенијата.
Се припрема гредица на висина од 30 см.површината околу билката се покрива со хумус околу 2см дебелина ,се сади на длабочина од 5-7 см.Садниците се садат на 30 -40 см во ред а растојание од ред до ред ако растојанието меѓу редовите е 90 см 

CRNA RIBIZLA








Еколошки услови на рибизла

      Рибизлата добро успева во хумидна клима која се карактеризира со свежи лета, со поголемо количество на врнежи и со висока релативна влажност на воздухот. Рибизлите се исто така светлољубливи растенија, но не поднесуваат прејака инсолација. На засенчени места основните гранки често оголуваат поради што се намалува родноста, се намалува квалитетот на плодовите и се скратува животот на растението.
      Рибизлите спаѓаат во овошни видови со најголема отпорност на ниски зимски температури. Таа издржува ниски температури и до -30°C. Поради тоа рибизлите се одгледуваат не само во умерено континетална туку и во посурова клима во северните подрачја. На ниска температура се најосетливи едногодишните гранчиња, потоа двогодишните и на крај постарите гранки, а најотпорни се пупките. Длабокото зимско мирување кај рибизлите трае многу кратко, поради што напролет потерува многу рано и при тоа може да настрадаат од повратни ниски температури. Цветовите кај рибизлите издржуваат и до температура од -5°C. Рибизлите се многу осетливи на високи температури во текот на летото поради што може да дојде до спалување на листовите и нивно предвремено опаѓање. Најпогодни реони за одгледување на рибизла се оние со средно летни температури од 17 до 18°C. Во нашата земја вакви температурни услови има на поголеми надморски висини, над 700 м.
      Рибизлите се изразито хидрофилни растенија, поради што за нејзино успешно одгледување потребно е повеќе вода дури и од малината и јаболката. Одгледувањето на насадите може да биде рентабилно доколку има годишни врнежи над 800 мм, од кои 50% да бидат во текот на вегетациата. И релативната влажност на воздухот е битен елемент за одгледување на рибизлите. Најпогодни се реони со просечна годишна релативна влажност од 80 до 85%, а во текот на летните месеци од 70 до 80%.
      За одгледување на рибизлата најпогодни се длабоки, средно тешки, структурни, умерено влажни, богати со хумус и биогени елементи, добро дренирани и слабо кисели почви со pH 5.5 до 7. За рибизлите не одговараат многу лесни, многу тешки, непропусливи, алкални, засолени, карбонатни и многу кисели почви. Подземната вода нетреба да биде повисока од еден метар.
Најдобро време за засење е наесен бидејки рано му почнува вегетацијата.
Кореновите жили треба да бидат покриени ,садниците преку ноќ садниците да стојат во смеса од  вода,шталско ѓубре и иловача  Врвовите се кратат на 3- 4 папки,а ако се сади во есен се кратат напролет ,се садат на 5 см подлабоко од коренот.Растојанието во ред е од 0,6 до 1,5 м, а измеѓу редови е 2 м.
Првата година се кинат сите цветови и повремено заливање. Ако се садат на пониски места(низински) се наводнуваат вообичаено Од формирање на плод до берба треба 25 литра на м2. 











СЕРТИФИЦИРАНИ ОВОШНИ САДНИЦИ ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО 2014/2015


              


















Wednesday, December 3, 2014

Зимска заштита

Како да ги заштитите овошките пред зимскиот сон

Како да ги заштитите овошките пред зимскиот сон
Повеќето болести кај овoшните растенија се спречуваат од раната пролет и  во текот на вегетацијата. За некои е неопходно и третирање во есен, во периодот кога им опаѓаат лисјата. Кај коскените овошја се јавува бактериски рак на коскеното овошје, шупликавост на  листот, собирање на овошките и на листот од праската., а  кај јаболкастите овошјасе јајвува рак на кората на јаболкото и крушата,бактериска пламеницана на јаболкоото ,  и бактериски рак на крушите.
Ракот  кај коскените овошја  е бактериска болест која се појавува на повеќето овошки со коски. Причинител е  т.н. бактерија Pseudomonas, morsprunorum. Првите знаци на болест се јавуваат на гранките и кората на дрвото ви вид на рак- рана и хипертрофија на околното ткиво со обилно лачење на смола. До заразата доаѓа во есен , во времето на листопадот,  кај лисните лузнин како и во време на цветање во пролет.  Најважно  со третаман на фунгициди на база на бакар да се почене  ведаш што лисјата почнуваат да паѓаат. Се смета дека  бактериски рак е најопасна болест кај коскените овошки. Бидејќи нема т.е. не постои соодветна заштита од како болеста ќе го зафати засадот , а во најлош случај може да доведе и до потполно сушење на насадот.
Шупливоста на лисјата кај коскеното овошје лесно се препознава по ситните тркалезни дамки на лисјата кои се некротизираат (умртвуваат) и потоа паѓаат од листот и тој станува шуплив. Причинител на болеста е габичка Stigmina carpohilla. Хемиското спречување на болеста се спроведува во есен, во лситопадниот период, со бакарни фунгициди и потоа следи повторно третирање со фунгициди пред крајот на зимата за време на набубрување на пупките после тоа во зависност од временските услови. Пошелни се дополнителни третирања пред и после цветањето со фунгициди на база на каптан.
Насобраност на лисјата многу едноставно се препознава по здебелениот и насобран лист кој добива црвенкаста боја.Знаците на болеста се јавуваат веќе во рана пролет но, се видливи обично кога е касно за заштита. Причинител на болеста е габичка Lapnrina detormans, која во вид на мицелијум презимува во заразени пупки. За успешна заштита, третирањето мора да се спроведе пред појавата на првите видливи знаци на болеста. Првото третирање со бакар се извршува на есен а со бакарни фугициди непосредно пред почетокот на вегетирање и со фунгициди на база на додин и дитијанон, на почетокот на вегетацијата.
Рак на кората на јаболкото и крушата предизвикува габичката Nectria galligena. Заразата се случува на места на механичко оштетување на кората како последица на оштетување од засек, град или некој друг вид на механичко оштетување. Рак -раните се забележуваат на гранките или на стеблото. Со текот на времето болеста се проширува и ја зафаќа целата гранка кој се суши. Најважно е сите гранки зафатени од болеста веднаш да се отстранат. Како превенција при режење на овошките настанатите рани треба да се премачкаат со фито балсам.