Wednesday, December 3, 2014

Зимска заштита

Како да ги заштитите овошките пред зимскиот сон

Како да ги заштитите овошките пред зимскиот сон
Повеќето болести кај овoшните растенија се спречуваат од раната пролет и  во текот на вегетацијата. За некои е неопходно и третирање во есен, во периодот кога им опаѓаат лисјата. Кај коскените овошја се јавува бактериски рак на коскеното овошје, шупликавост на  листот, собирање на овошките и на листот од праската., а  кај јаболкастите овошјасе јајвува рак на кората на јаболкото и крушата,бактериска пламеницана на јаболкоото ,  и бактериски рак на крушите.
Ракот  кај коскените овошја  е бактериска болест која се појавува на повеќето овошки со коски. Причинител е  т.н. бактерија Pseudomonas, morsprunorum. Првите знаци на болест се јавуваат на гранките и кората на дрвото ви вид на рак- рана и хипертрофија на околното ткиво со обилно лачење на смола. До заразата доаѓа во есен , во времето на листопадот,  кај лисните лузнин како и во време на цветање во пролет.  Најважно  со третаман на фунгициди на база на бакар да се почене  ведаш што лисјата почнуваат да паѓаат. Се смета дека  бактериски рак е најопасна болест кај коскените овошки. Бидејќи нема т.е. не постои соодветна заштита од како болеста ќе го зафати засадот , а во најлош случај може да доведе и до потполно сушење на насадот.
Шупливоста на лисјата кај коскеното овошје лесно се препознава по ситните тркалезни дамки на лисјата кои се некротизираат (умртвуваат) и потоа паѓаат од листот и тој станува шуплив. Причинител на болеста е габичка Stigmina carpohilla. Хемиското спречување на болеста се спроведува во есен, во лситопадниот период, со бакарни фунгициди и потоа следи повторно третирање со фунгициди пред крајот на зимата за време на набубрување на пупките после тоа во зависност од временските услови. Пошелни се дополнителни третирања пред и после цветањето со фунгициди на база на каптан.
Насобраност на лисјата многу едноставно се препознава по здебелениот и насобран лист кој добива црвенкаста боја.Знаците на болеста се јавуваат веќе во рана пролет но, се видливи обично кога е касно за заштита. Причинител на болеста е габичка Lapnrina detormans, која во вид на мицелијум презимува во заразени пупки. За успешна заштита, третирањето мора да се спроведе пред појавата на првите видливи знаци на болеста. Првото третирање со бакар се извршува на есен а со бакарни фугициди непосредно пред почетокот на вегетирање и со фунгициди на база на додин и дитијанон, на почетокот на вегетацијата.
Рак на кората на јаболкото и крушата предизвикува габичката Nectria galligena. Заразата се случува на места на механичко оштетување на кората како последица на оштетување од засек, град или некој друг вид на механичко оштетување. Рак -раните се забележуваат на гранките или на стеблото. Со текот на времето болеста се проширува и ја зафаќа целата гранка кој се суши. Најважно е сите гранки зафатени од болеста веднаш да се отстранат. Како превенција при режење на овошките настанатите рани треба да се премачкаат со фито балсам.