Sunday, September 13, 2015

СОВЕТИ

СОВЕТИ

НЕКОИ СОВЕТИ ПРЕД ПОДИГАЊЕ НА НОВИ ОВОШНИ НАСАДИ
Задолшително извршете агрохемиска анализа на почвата кај што ке биде подигнат насадот.
Садењето е најдобро да се изврши на есен.
Насадете бесвирусен здравствено безбеден саден материјал.
Посебно обратете внимание на растојанието на садење и врсти на опрашувачи.
За овошен насад треба да изберете сончеви позиции, скриени од директните удари на ветерот.
Во близина на овошниот насад треба да ги ископачите сите диви овошки кои мошат да бидат извор на вируси и други патогени болести.
Многу е битно со помош на агрохемиската анализа на почва да се изврши ѓубрење на почвата кај што ке биде подигнат насадот. Со правилно ѓубрење на земјиштето, и внесување на поголеми количини на минерални или органски ѓубрива се овозмозува правилен развој на садниците.
Доколку поседувате квалитетно земјиште со обезбедено наводнување тогаш сте спремни за подигање нов насад.
Доколку е можно и дозволат временските услови садењето извршете го наесен, бидејки тогаш садниците имаат полесно прифакање.
Ова се само некои од побитните фактори кои треба да ги знаете.
Секогаш е подобро доколку постојат некои двоумења и недоразбирања, да се обратите и побарате помош од стручни лица или некои земјоделски институции, отколку да направите грешки кои подоцна многу тешко или никако неможат да се исправат.