Monday, November 14, 2016

Водич во производство на аронија



Image result for аронија

 AРОНИЈА   
Аронијата расте на сите типови земја освен на солена почва,Аронијата е посебна сорта која не ги впива штетните материи од почвта , водата и воздухот и затоа може да се одгледува во близина на индустриски загадувачи и термо електрни    
Во текот на зимата надземниот дел издржува температури и пониски од -30 до -35°C, а кореновиот систем може да настрада на температура од -11 до -12°C. Во наши услови ретко кога се случуваат вакви температурни екцесии па поради тоа од овој аспект гледано оваа култура е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата.
операции—
·         Основна обработка
·         Орање на 30 см длабочина
·         Тањирање
·         Пред садење површината треба да се наѓубри со NPK 15:15:15 минерално ѓубриво (500-600кг на ха
·         Во тек на вегетација површината се ѓубри со  NPK 8:16:24,околу 500кг/ха годишно (само подалеку од коренот да не дојде во контакт со кореновите жили
·         Редовно наводнување
·         Редовно уништување на коровот
·         Малчирање(растурање на слама на пола метар во пречник) на пролет (секоја) за да се спречи растење на коров околу садниците Секоја пролет се повторува од причина што се распаѓа и станува органско ѓубриво кое водата го внесува во кореновиот систем
 .Во класичен насад најдобра густина на садниците е 3х1,5 метри и на еден ха се садат околу 2 222 растенија и така секое растение добива 4,5 м2 вегетациски простор Садниците секогаш се садат на длабочина на која биле во расадникот,доволно е длабочината на дупката да е 20 см и пречник 30 см
Ако сакаме аронијата да ја береме машински густината на садниците треба да биде 4х0,8м,  
Принос—
·         Во првата година по садење на двогодишни садници ----100-200кг/ха
·         Следната година еден жбун два 7-8 грозда,200-300гр по растение или 440 до 600 кг по хектар
·         Во десетата година треба да даде принос од 5-10 кг по жбун или 11 до 22 т/ха
·         Век на траење е околу 20 години
 Овој принос може да се очекува со навремено наводнување (сушата е најголем непријател на аронијата)
 Опис на садникот-
·         Резидба се врши на гаранки стари 5 години и се подмладува со родниот дел
·         Дрвото е тврдо како дрен и споро расте и достигнува висина  од 1,5-2,5 метри
·         Отпорна е на болести и нема потреба од заштита
·         За 4-5 год ке достигне раст преку 1м сама го сузбива коровот во редот а меѓуредното растојание се коси
·         После 10 год ако тревата меѓу редовите е ниска немора ни да се коси
Затревување меѓу редовите може да се врши со тревна смеса во која ке доминира белата детелина

 Во најсушен период од годината треба да се залева двапати неделно  3-10 литра по садник Најважно е да се знае аронијата водата ја прима само рано наутро *наводнување од 12 навечер до 8 саат наутро) растителните клетките се отворени и можат ја примаат водата исто важи и за фолијрна прихрана НИКАКО ПОПЛАДНЕ или навечер бидејќи растителните клетки се затворени
Стебата стари 5-7 год се сечат.некои на висина од 50 -70 см, други близу до земја,за да се предизвика раст на нови млади изданоци кои имаат зголемена родност
.   
  •  Првата резидба се врши после садење. Сите стебленца се сечат на висина од 10 – 15 см од земја.
  • Во текот на три и четири год резидбата се ограничува само на чистење на оштетените гранки(кое настанува после берба со комбањ)  .
  • Наредните години смо се отклонуват најстарите гранки за да се заменат со нови.
  • За аронијата е важно да немаат гранки постари од шест години     
  • При подигање на насад нема проблем ако плантажата е во низински дел
  • При означување на редовите да се подига насадот спротивно од ветарот,ова ке го намали исушувањето преку лето-првиот ред свртен кон ветарот ќе ги штити другите позади него додека пак преку зима таквиот распоред ке допринесе да се акумулира поголема количина на снег меѓу редовите и ќе се намали ризикот од смрзнување на почвата и ќе се акумулира повеќе вода за напролет
  •  Кај големи плантажи и долги редови не треба да се заборави да се остават попречни патеки на секои 300-400 м за маневрирање за да може да се земаат гајбите со овошјето за да немора секоја гајба да се носи на крај на плантажата.
Треба да се остави слободен простор на почеток и на крај на редовите за да се овозможи слободно движење на машината за берење,6-8 м зависи од типот на мшината
Растојанието помеѓу редовите да не биде помало од 4м при машинска берба
  На местото каде се подига плантажата доколку дуваат јаки ветрови треба да се направи заштитен појас Нјчесто тоа се прави од топола или смрека но одредена одалеченост да ја засенува плантажата и да не ги користи влагата и хранливите состојки од почвата Расојанието од првиот ред од аронијата да биде 12-15 метри