Петок, 14 Септември 2012
Владата ја зголеми директната финансиска субвенција за производителите на ориз. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше дека се донесени дополнителни мерки за поддршка.
Земјоделците кои имаат земјишна површина до 2,5 хектари и на неа произведуваат ориз ќе добиваат дополнителни 3,5 денари за секој продаден килограм арпа во регистриран откупен пункт. За производна површина од 2,6 до пет хектари субвенцијата ќе биде по два денари за килограм, за површина од 5,1 до 7,5 хектари по 1,5 денар за килограм и за производна површина од 7,6 хектари до 10 хектари по еден денар за килограм.
Откупувачите на ориз ќе добијат по два денари за килограм извезен ориз спакуван во амбалажа со потекло од Република Македонија.
Дополнителните мерки се последица од потребите кои произлегуваат од актуелните состојби во потсекторот ориз и од состојбите со неговиот откуп.
Рокот за апликации за оваа мерка е од 1 октомври до 15 декември годинава.